Правда

Законот за основно образование изгласан без забелешките на Народниот Правобранител за инклузивноста на децата со попреченост

Законот за основно образование - Работник
274views

Министерството за образование и наука не употреби дел од забелешките и предлозите од Народниот правобранител во Законот за основно образование, кој вчера беше изгласан во Собранието по второто читање и стапува на сила со новата учебна година. Една од главните забелешки на Народниот правобранител беше дека институциите не се спремни инклузивно да делуваат во образованието од 1 септември, како и дека ако не се исполнат нивните предлози и основни констатации, повторно ќе имаме инклузија која ќе биде само правно уредена и нема да може практично да се имплементира.

Нацрт-законот предизвика доста реакции, откако професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација (дефектологија) при Филозофскиот факултет во Скопје минатиот месец реагираа со отворено писмо дека не се вклучени во подготвувањето на новиот Закон.

На прашањето дали смета дека институциите се подготовени за примена на Законот од 1 септември, претставникот на УНИЦЕФ за Македонија, Бенџамин Перкс ни рече: „Тоа е процес, насочен кон некоја цел. Фокусот е на тоа какви сакаме да бидат работите, а не какви се“, пишува СДК.МК

Целсониот текст можете да го прочитате тука