ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Законот за работни односи е скроен за работодавачите

Законот за работни - Работник
248views

Работник во белградското Јавно комунално претпијатие „Градска чистота“ Богосав Нешовиќ, претседател на подружницата на Здружените синдикати на Србија „Слога“ во таа компанија, добил отказ поради, како што тврди неговата синдикална централа, тоа што го известил градноначалникот на Белград за притисоците од страна на работодавачот врз вработените.

„Слога“ тврди дека втората причина поради која Нешковиќ е отпуштен е пренесувањето на синдикалната организација која е блиска до властите во „Градска чистота“ ја пренел во неговите редови. Имено, отказот го добил истиот ден кога надлежните во компанијата дознале за ова.

Нешковиќ го известил градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ дека директорот на „Градска чистота“, Марко Попадиќ под закана за отказ бара од вработените да собираат сигурни гласови за СНС. Нешковиќ тврди дека Попадиќ заедно со претседателката на Заедницата на синдикати на Србија и одборот на Српската напредна партија во Советот на градот Белград, Мира Баста, ги принудува работниците да одат на митинзите на СНС и Алексндар Вучиќ, а се под закана при постојано казнување на сите кои ќе се побунат против таа пракса.

Инаку, Нешковиќ не е првиот работнички трибун које отпуштен поради своите синдикални активности. Имало и слични случаи – шеф на синдикат во едно приватно претпријатие своевремено добил отказ, а неговата сопруга која работела во истата компанија била преместена на работното место хигиеничарка, а потоа во каменоломот.

Во една друга приватна компанија со странски капитал, претседателката на синдикатот добила отказ, бидејќи не сакала да биде казнета поради своите синдикални активности со префрлување да работи како хигиеничарка на складиште со отпад.

Сите овие примери зборуваат за тоа дека актуелниот Закон за работни односи е направен така да максимално ги штити работодавачите, а работниците да ги остави потполно незаштитени. Она што е уште попогубно е тоа што работодавачот без било какви проблеми може да ги отпушти работниците, а истото тоа е и толку лесно со синдикалните претставници кои ги застапуваат интересите на вработените.

Се поставува логичното прашање, доколку синдикалците не се заштитени од строгите казнени мерки на работодавачите, што нив ќе ги мотивира да се бават со заштита на работничките права и ќе ги спречи да не бидат послушници на работодавачите? Потполно е јасно дека под терминот „непочитување на работната дисциплина“ во трудовото законодавство е опфатено се и сешто овозможува отпуштање на работници. Примерите од праксата покажуваат дека тоа подеднакво го злоупотребуваат рабтодавачите во приватен сектор и државата. Што значи дека потребно е да се измени рестриктивниот Закон за работни односи.