ЕкономијаМакедонија

Занаетчиите и трговците поединци ослободени од плаќање фирмирана во Битола

Занаетчиите и трговците - Работник
82views

Занаетчиите и трговците поединци што се најпогодени од коронавирусот годинава ќе бидат ослободени од плаќање на фирмирана.

Ова е една од сет мерките, кои денеска ги соопшти општината Битола како помош за занаетчиите и трговците поединци.

Воедно со сет мерките корисниците на деловни простории кои се сопстевност на Општината ќе бидат ослободени од плаќање закупнина за месеците март, април и мај. За трите месеци ќе бидат ослободени од плаќање надоместотци за комунални такси за користење на простор пред делеовните простории, како за плаќање закупнина на градежно земјиште под објектите. За сите овие сет мерки општина Битола се откажува од 6 милони денари, стои во соопштениоето на локалната самуправа, која денеска исплати 1 милион денари финансиски средства за социјално ранливите категории.