Започнал експериментот: Воведена четиридневна работна недела
Во Копенхаген вчера започнало експериментирањето на четиридневната работна недела, кое ќе трае до крајот на годината, пренесуваат локалните медиуми.
Во експериментот учествуваат вработени во 14 компании, а по пробниот период, четиридневната работна недела би можела да биде трајно воведена, пренесува данскиот јавен сервис DR.
Менаџерот во една од компаниите, Јонас Амитсбол вели дека очекува дека променетото работно време ќе даде позитивен ефект.
„Вработените ќе добијат неколку последователни работни дена, а тоа значи дека во слободното време ќе можат да ги наполнат батериите за да бидат свежи и подготвени за нова работна недела“, рекол тој.
Додал дека пократката работна недела подразбира подолго работно време, што, како наведува, може да биде предизвик.
„Ментално изискувачките работи мораат да се работат на почетокот на работното време додека уште сте свежи, а потоа, на крајот на денот, морате да работите нешто што изискува помалку енергија“, напоменува Амитсбол.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/Monkey Business Images