- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Започна да се тргува и со природниот ресурс без кој нема жиивот!

233views

Освен со златото и нафатата, од сега се тргува и со водата!

Водата се придружи на златото, нафатата и на другите стоки со кои се тргува на Њујоршката берза, предизвикувајќи загриженост дека овој природен ресурс, без кој нема живот, може да стане оскуден во поголемиот дел од светот.

Земјоделците, хеџ фондовите и општините сега можат да се заштитат – или да се обложат – на идната достапност на вода во Калифорнија, најголемиот земјоделски пазар во Америка и петтата по големина економија во светот.

Договорот CME Group Inc. од јануари 2021 година, поврзан со пазарот на вода во Калифорнија од 1,1 милијарда долари, последен пат се тргуваше во понеделникот со 496 индексни поени, што е еднакво на 496 американски долари за 1,2 милиони литри вода.
 
Договорите, први од ваков вид во Соединетите Држави, беа објавени во септември додека жештините и пожарите го опустошија западниот брег на земјата и додека Калифорнија излегуваше од осумгодишна суша.
 
Две милијарди луѓе моментално живеат во земји кои се сочуваат со  проблеми со вода