СветСветот на работникотСиндикат

Започна штрајкот во „Луфтханза“

Започна штрајкот во „Луфтханза“- Работник
25views

Кабинскиот персонал на Луфтханза денеска и утре ќе биде во штрајк поради кој ќе бидат откажани 1,300 летови на германскиот превозник, што ќе погоди 180,000 патници. Од белградскиот аеродром утрово според распоредот на летови полетал авионот на Луфтханза, а за сега не се откажани ни наредните летови на оваа авиокомпанија.

Тоа значи дека ќе биде откажан секој петти од вкупно 6,000 летови на оваа авиокомпанија планирани за денеска и утре, односно во деновите кога е закажан штрајкот, пренела агенцијата Ројтерс.

Луфтханза соопштила дека ќе бидат откажани 1,300 летови откако судот во Франкфурт дал „зелено светло“ за одржување на штрајкот, бидејќи вчера го отфрлил барањето на авиокомпанијата за забрана на штрајкот.

Германскиот синдикат УФО претходно го повикал кабинскиот персонал на Луфтханза за денеска и утре да организираат штрајк во борба за подобри плати и работни услови.