ПравдаСветот на работникот

Започнува примената на Законот за агенциско работење

   Време за читање 1 минута

Примената на законот за агенциско вработување во Србија започна од вчера, а надлежните укажуваат дека освен што со него се пропишани условите за работа на агенциите, целта на овој пропис е и работниците кои ќе бидат ангажирани на овој начин да имаат еднакви услови и права од работен однос, како и оние кај работодавачот корисник.

Државната секретарката во Министерството за труд, Бојана Станиќ за Танјуг рекла дека оваа област досега не била уредена со ниеден пропис, како и работниците работеле преку младински организации и биле ангажирани на привремени и повремени работи и така немале право на многу бенефиции од работниот однос кои важат за оние кои работат на определено и неопределно време (додаток за спреченост за работа, боледување, право на годишен одмор…).

Со овој закон кој е усвоен во декември минатата година, се утврдуваат условите за работа на агенциите за привремено вработување кои се основани како стоапнски друштва или претпријатија кои вработуваат работници со цел нивно отстапување на работодавачот корисник, објаснува Станиќ.

Со законот се утврдуваат и еднакви права од трудот и по основа на работата на отстапените вработени и вработените непосредно кај работодавачот корисник (во поглед на заработката, условите за работа, работното време, пристапот до објектите за исхрана и деца), го ограничува работењето на одредено време преку агенција за привремено вработување и ги спречуваат ситуациите да едно лице со години работи кај ист работодавач преку различни агенции.

Отстапените вработени за време на привременото извршување на работите кај работодавачот корисник ќе имаат право на еднакви услови за работа како и преостанатите вработени, вели Станиќ.