- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

„ЗАРА“ ги изиграла вработените: Планот за затворање на продавниците отишол наопаку, работниците сами даваат отказ

„ЗАРА“ ги изиграла вработените - Работник
426views

Спроведувањето на планот за затворање на повеќе од 1,200 продавници на Зара ширум светот ги разбеснело шпанските синдикати кои тврдат дека управата на матичната компанија Индитекс ги изиграла. 

Шпанските работниците во Индитекс тврдат дека компанијата ги присилувала да даваат откази нудејќи им многу неповолни услови на новите работни места. Проблемот настанал откако најголемиот светски трговски ланец за облека започнал да ги затвора помалите продавници и да ги преуреди оние поголемите. 

Во текот на оваа година Индитекс има намера да затвори повеќе од 700 продавници во Европа, потоа стотина во Северна и Јужна Америка, како и 400 во остатокот на светот. Во склоп на планот за затворање, со шпанските синдикати е постигант и договор за заштита на работните места во кој Ројтерс имал увид. 

Според одредбите од спогодбата, Индитекс се обврзал дека на сите работници од продавниците кои ќе ги затвори, ќе им понуди нови работни места кои се во согласност со нивните досегашни работни задачи и должината на работниот стаж. 

Во интерно соопштение на синдикатот УГТ стои дека 40 % од заменските работни места вон покраините во кој пред тоа работел вработен на кој се однесува промената. Во некои случаи на работниците им се понудени работни места кои се на другиот крај на Шпанија. 

Така, на работниците од Барселона им е понудена работа во Сантандер, до кој има седум часа возење. На работниците во Мадрид им е понудено преместување во Мелил, енклава во северна Африка. Пишува дека и секој четврти вработен на кој му е понудено заменско место досега дал отказ. 

Портапролот на Индитекс истакнува дека компанијата го почитува договорот со синдикатите. 

Блиц.рс потсетува дека Индитекс, како и неговите ривали H&M i Next, забележале опоравување на продажбата на облека на крајот од минатата година, откако минатата пролет забележале огромен пад поради првиот бран на пандемијата од коронавирусот. Опоравувањето го предводела интернет продажбата, како и брзото опоравување на кинеската економија на старите нивоа на раст. Сепак, плановите за затворање и менување на концептот за работење остануваат.