- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Затворањето поради Ковид-19 во Германија ќе предизвика банкрот на фирми, предупредуваат трговците

Затворањето поради Ковид-19 - Работник
237views

Лоби групи предупредуваат дека одлуката на Германија да затвори продавници за време на Велигден може да доведе до банкрот на повеќе компании. Исто така, тоа би било контрапродуктивно, бидејќи ќе ги охрабрува луѓето претходно да одат во продавниците,јавија германски медиуми.

Здружението на трговци на мало HDE соопшти дека 54 отсто од модните продавници се соочуваат со опасност од банкрот по 100 дена блокирање.

– По една година коронавирус, ситуацијата за многу трговци е очајна. Нема надеж дека ќе преживееме економски во оваа криза, изјави претседателот на HDE, Штефан Гент.

По разговорите што траеја до раните часови денеска, германската канцеларка Ангела Меркел најави дека Германија ќе го продолжи „локдаунот“ до 18 април и ги повика граѓаните да останат дома и да ги намалат контактите што е можно повеќе.

Фото: Pexels/Pixbay