ПравдаСветСиндикат

Затворена најголемата хидроелектрана во Франција поради протест против пензиската реформа

Затворена најголемата хидроелектрана - Работник
138views

Работниците кои протестираат против плановите на Владата во Париз за реформа на пензискиот систем ја затвориле најголемата хидроелектрана во Франција на Гранд Мезон, соопштил огранокот Енержи Исер на синдикатот ЦГТ, пренесува Ројтерс.

Опструкциите со испорака на електрична енергија, оценува Ројтерс, ја повлекуваат одлучноста на левичарските синдикати да истрајат во своите барања, после брановите на штрајкови и улични протести започнати на почетокот од декември, со кои не успеале да го принудат Макрон да се откаже од реформата.

Владата вели дека предложените реформи ќе го направат пензискиот систем поедноставен и поправичен, додека критичарите тврдат дека тие ќе доведат до тоа да луѓето подолго работат за да го остварат правото на пензија.