ЕкономијаСвет

Зачудувачки податоци: 70 % од компаниите во Дубаи предвидуваат затворање

Зачудувачки податоци - Работник
319views

Зачудувачка бројка од 70 отсто од компаниите во Дуаби очекуваат дека ќе стават катанец на вратите во наредните шест месеци.

Пандемијата на ковид – 19 и мерките на ограничување воведени поради неа ја уништиле побарувачката, покажува денешното објавено истражување на Стопанската комора на Дубаи.

Комората анкетирала 1,228 генерални директори во бројни сектори помеѓу 16 и 22 април, за време на најризгоризните мерки за ограничување на движењето на луѓето, а речиси три четвртини од анкетираните биле мали компании со помалку од 20 вработени, пренесува Си – Ен – Би – Си.

Повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека им се заканува умерен или висок ризик од прекинување со работа во наредните шест месеци. Поточно, околу 27 отсто рекле дека очекуваат да ги затворат компаниите наредниот месец, а 43 проценти дека ќе прекинат со работа во рок од шест месеци.

Економијата на Дубаи која е најдискфалификувана и најнезависна од приходите од нафтата во Пресискиот залив, се потпира претежно на секторите како што се угостителството, туризмот, забава, логистика, недвижнини и малопродажба.

Нејзините хотели и ресториани имаат висока меѓународна репутација, а речиси половина од нив кои комората ги анкетирала очекуваат дека ќе прекинат со работа веќе следниот месец.

Околу 74 отсто од патничките и турискитчките компании предвидуваат дека тогаш ќе ги затворат вратите, а иста судбина очекуваат и 30 % од компаниите во секторите транспорт, складрање и комуникација.

„Мерките за потполно и делумно затворање на градот доведуваат до застој на побарувачката на клучните пазари… Дуплиот удар од пандемијата и мерките за ограничување ја намалува економската активност до ниво кое не е забележано ни во текот на финансиската криза“, навела комората на Дубаи во својот извештај под наслов “Влијанието на ковид – 19 врз бизнис заедницата на Дубаи“.

Портапролот на Комората укажал дека треба да се има во предвид дека анкетата е спроведена помеѓу 1,228 од 245,000 компании во Дубаи и тоа во април, кога во сила биле најстрогите мерки за ограничување, како и дека „нивните чувства биле базирани на очекувањата дека најстрогата фаза на затворање ќе биде продолжена“.

„Предвидуваме дека бизнис довербата значајно ќе се подобри во наредните недели и месеци, кога компаниите ќе се вратат во понормални услови на работа“, додал тој.