- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Заштита од дискриминација на бремени работнички

Заштита од дискриминација - Работник
259views

Заштита од дискриминација на бремени работнички

Познато ни е дека на интервју за работа не смее да се прашува жената дали е мажена, дали е бремена, дали планира да има деца, итн. И покрај тоа, многу честа практика кај нашите работодавачи е да ги дискриминираат жените врз основа на пол, род, лично својство, семејна или брачна состојба. Ова само ја покажува ранливоста и подложноста на дискриминација на бремените жени во однос на вработувањето, но и во рамки на работните односи.

За бремените работнички предвидена е посебна заштита со македонското трудово законодавство. Работодавачот не смее да и го откаже договорот за вработување на работничката за време на бременост, ниту за време на отсуство заради боледување. Договорот за вработување на бремена работничка може да и биде откажан само доколку сторила потешки прекршувања на договорните обврски, само по претходна согласност на синдикатот чиј член е работничката или по добиена согласност од Државниот инспекторат за труд.
Бремените работнички кои се соочуваат со каков било вид дискриминација на работното место потребно е истото да го пријават, односно да отпочнат постапка за заштита на сопствените работнички права. На државно ниво, потребно е дополнително усогласување на домашното трудово законодавство со она на Европската унија и со стандардите на Меѓународната организација на трудот, се со цел подобра превенција и заштита од дискриминација на жените во областа на вработувањето и работните односи.
 

Заштита од дискриминација на бремени работнички

Познато ни е дека на интервју за работа не смее да се прашува жената…

Posted by Juridica on Tuesday, April 6, 2021