ЕкономијаМакедонија

За да има поголем раст на економијата, Владата треба да направи повеќе реформи

За да има поголем раст на економијата, Владата треба да направи повеќе реформи - Работник
176views

Нема сеуште оценка од странските инвеститори за досегашната работа на Владата, бидејќи се на половина мандат. Од Советот на странски инвеститори сметаат дека земјата е позитивно расположена за придобивање на инвеститорите и таа има направено напредок на тоа поле. Сепак, тие очекуваат Владата повеќе да се осврне на економијата за да таа се зголеми, бидејќи тоа и го ветија за оваа економска година.

Според статистиките на Народната банка, вкупните странски инвестиции во првото тромесечје бележат пад и се најмали во последните 10 години. Статистиките покажуваат дека помалку се инвестирало само во 2010 година.

Инвеститорите сметаат дека за да се постигне раст на економијата, потребна е поголема работа од страна на креаторите на економските политики. Според нив, колку што Владата треба да се посвети, толку треба да се посветат и домашните и странските инвеститори.

ВКУПНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ПЕРИОД ЈАНУАРИ-МАРТ

ГОДИНА ИЗНОС ВО МИЛИОНИ ЕВРА
2019 29,68
2018 235,15
2017 97,40
2016 137,48
2015 85,36
2014 94,52
2013 83,26
2012 82,41
2011 197,94
2010 9,85

Извор: Народна Банка

Извор: Сител