ЕкономијаСвет

За две недели во Босна и Херцеговина се отпуштени 13,000 работници

За две недели - Работник
169views
Повеќе од 13,000 личности останале без работа во другата половина на март, покажуваат податоците на Даночната управа на Федерацијата на Босна и Херцеговина.
Тоа се податоци за периодот кога во БиХ е прогласена вонредна ситуација поради природна несреќа (16 март), па до почетокот на април. Имено, според службените евиденции од Единствениот систем на регистрација, контрола и наплата на придонесите, бројот на вработени во БиХ според бројот на вработени на ден 03.04.2020 година изнесувал 520,641, во однос на денот 16.03.2020 година е намален за 13,842 вработени.

И бројот на вработени на ден 03.04.2020 година во однос на 29.02.2019 година е намален за 11,309 вработени, што значи дека во првата половина на март дошло до благ раст на вработените.

Покрај се, на ден 31.03.2020 година бројот на вработени изнесувал 528,476 и истиот е помал во однос на 29.02.2020 година за 3,474 вработени. Овој податок зборува дека е голем бројот на лицата, речиси 8,000 од нив, се отпуштени во првите денови на април.