ЕкономијаМакедонија

За една година раст на индустриското производство од речиси 10%

За една година раст - Работник
167views

Раст од 9,8 отсто на индустриското прозводство за една година, покажуваат податоците на Статистика за август годинава споредено со истиот месец лани. Кумулативно, пак, за периодот јануари-август годинава, споредено со истиот период лани, растот е 5,5 проценти на индустриското производство. Според вицепремиерот Анѓушев, токму овие податоци покажуваат дека економијата во Македонија е стабилна и оти ќе остане така и во наредниот период.

-Ако се земе предвид дека индустриското производство е сериозен генератор на Бруто домашниот производ во нашата држава, очекуваме дека бројките за третиот и четвртиот квартал за растот на БДП ќе бидат сериозно големи. И со тоа дефинитивно е знак дека последователниот раст во повеќе квартали на БДП кажува дека македонската економија се движи во исправна насока. Најважно е што таа економија е генерирана од приватните инвеститори, односно од реалната економија, бидејќи само на тој начин можеме да гарантираме дека ќе има одржливост на растот на економијата на подолг рок, вели Анѓушев, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука