- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

За една недела, трудовиот инспекторат 11 решенија за прекршување на работничките права

158views

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, додаде дека од денеска, во засилена контрола на почитувањето на протоколите од страна на кафетериите и угостителските објекти, на инспекторите од ДПИ, ќе се придружат и инспектори од финансиската полиција, кои имаат право да легитимираат лица, кои подоцна би можеле да бидат и сведоци во поведени кривични постапки во случај на прекршување на протоколите.

„Државниот инспекторат за труд, реализираше вкупно 586 контроли кај работодавачи, во коишто се вработени вкупно околу 8.300 лица. За периодот од 4 – 9 јуни од страна на овој инспекторат донесени се 11 решенија и 35 укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените од ризичните групи.  При контролите утврдено е дека работодавачите согласно препораките од работните задачи имаат ослободено над 120 лица по основ на грижа за деца под 10 години, околу 40 лица по основ на хронична болест и 35 бремени жени“, кажа Филиповска-Грашкоска.

Advertisement

Advertisement