Правда

За заштита на спомениците од културата е потребно добро менаџирање и континуирано финансирање

   Време за читање 1 минута

Немање стручен кадар за конзервација на споменици на културата, мало и проблематично финансирање на проекти за непосредна заштита поради нејасна категоризација на значајни објекти се меѓу слабостите во конзерваторската дејност.

Според Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), кога наследството стои под земја, понекогаш е најдобро зачувано, зашто она што е на земјата е проблематично од разни причини, меѓу кои ги посочува и агилноста на самата фела, но и од тоа дали е континуиран изворот на финансирање. Тоа, како што рече, не мора да биде само од државата, туку и од странски фондови. Потребно е добро менаџирање на културното наследство, кое треба да се вклучи во секојдневното живеење и да и се приближи на јавноста.

-Имаме прекрасно културно наследство кое не знаеме да го изнесеме пред очите на јавноста и да го користиме правилно. Ги имаме Скупи, Скопското кале…, но тапкаме во место поради некои наши внатрешни неусогласености, недоволно агилност тоа да се реши. Се надевам дека во догледно време ќе бидеме малку посвесни, сите заедно, институциите, општините и Градот, изјави Костов, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука