ПравдаСветот на работникот

За кои проблеми работниците се обраќаат до Хелсиншкиот Комитет?

За кои проблеми работниците - Работник
163views

Порталот Работник се обрати до Хелсиншкиот Комитет за човечки права со цел да дознае кои се најчестите проблеми кои работниците ги пријавуваат во оваа невладина организација. Од Хелсишниски Комитет рекоа дека работниците најечсто пријавуваат за неисплатен регрес за годишен одмор, за тоа дека немаат договор за вработување, ненавремено исплаќање или неиплаќање на платите и придонесите за социјално осигурување, поради неводењето на евиденција од страна на работодавачот за прекувремена работа, како и обврската, неисплаќање на соодветен додаток за прекувремена работа и усно откажување на договорите за вработување.

Од Комитетот наведоа дека работниците бараат и заштита пред Европскиот суд за човекови права, постапка за заштититување од вознемирување на работно место, како и бараат да се почитуваат роковите за одлучување на судовите во судските постапки во спорови од работни односи.

На прашањето за тоа на кој начин им помага Комитетот, од таму истакнаа дека Хелсиншкиот комитет за човекови права на работниците им дава правни информации и правни совети. Комитетот поднесува претставки до Државниот инспекторат за труд за спроведување вонреден инспекциски надзор, како и барања за информации од Инспекторатот по добиени сознанија за повреди на работното место. Комитетот поднесува жалби на решенија на Инспекторатот до Инспекцискиот совет.

„Претставници на Хелсиншкиот комитет следат рочишта во постапките во спорови од работни односи, по барање на работниците. Комитетот комуницира со сите засегнати чинители во предмети на работниците каде што има повреда на нивните работнички права“, навеода од Комитетот.