ЕкономијаМакедонија

За основни трошоци во јули биле потребни 531 евра

За основни трошоци во јули биле потребни 531 евра - Работник
71views

Во јули, за да ги задоволи основните животни потреби на едно семејство му биле потребни 531 евро – сума во која се вклучени трошоците за храна, за сметки, за превоз, за здравје. Новите податоци за минималната синдикална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат минимален пораст на трошоците во однос на лани, истиот месец , пренесува „Portalb.mk“. Во јули годинава во споредба со јули 2017 година трошоците на живот, според државната статистика се зголемени за 0,8%.  Просечната нето плата на ниво на државата, според официјалната статистика е во пораст, но и натаму не е доволна за да се подмират основните животни потреби.

Трошоците за исхрана, пијалаци, за превоз, здравје, за домување, за сметки за комуналии се пораст во последните  години, но стагнација е забележана од почетокот на годинава. Вкупно 32.710 денари (531,8 евра) биле потребни да се помират основните обврски и потреби во јули. И натаму, најголем дел од семејниот буџет се троши за храна и за сметки, кои заедно имаат удел од 73,45% во потрошувачката кошница, објави Мета.

Целосниот текст можете да го прочитате тука