ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

За три месеци 15.000 луѓе во Македонија останале без работа

162views

Само за три месеци поради корона кризата во земјава останале без работа над 15 илјади граѓани од земјава. Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за вработување.

Според овие бројки, на крајот на мај годинава во земјава имало 121.187 невработени лица, што е повеќе за 15.371 граѓани во однос на крајот на февруари годинава, анализира Фактор.

Ако се гледа по месеци, во мај без работа останале над шест илјади граѓани, или прецизно 6.425 лица.

Тоа е само малку помала бројка од граѓаните кои останале без работа во април, кога како невработени во Агенцијата се пријавиле 7.030 граѓани од земјава.

А трендот на раст на невработените почнал уште од февруари.

Но, тој во март бил уште поизразен, па бројката на невработени во третиот месец од годинава се зголемила за близу две илјади лица, или прецизно 1.916 граѓани. Инаку, март е месецот во кој почна корона кризата, и беа затворени угостителските објекти и хотелите, со цел дасе спречи ширење на коронавирусот.

Владата објави пакет мерки за да им помогне на фирмите да ги задржат вработените, со парична помош за нив. Финансиска државна поддршка ќе добијат и лицата кои поради корона кризата останале без работа, односно го изгубиле работното место.

Светска банка прогнозираше дека оваа година над 55 илјади луѓе во земјава можат да западнат во сиромаштија.

Извор: Лидер