ЕкономијаМакедонијаНовости

За четвртиот пакет антикризни мерки, издвоени се 470 милиони евра, вели Арсовски

За четвртиот пакет антикризни мерки - Работник
46views

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски денеска на прес-конференција ги презентираше одлуките од вчерашната владина седница за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, меѓу кои и оние за скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се, појасни Арсовски, хотелските ресторани за гостите сместени во хотелите.

Донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот и домашните и странски граѓани по 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби. Се препорачува граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица што не живеат во иста заедница.

Арсовски се осврна и на заклучокот со кој министерствата и органите на државната управа при регулирање на прашањата на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од КОВИД-19 и лица кои се во изолација заради спречување на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од корона, задолжително да побараат боледување согласно кое висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради КОВИД-19 да изнесува 100 проценти од основицата за надоместок на плата.

Тој говореше и за владиниот четврти пакет мерки за справување со последиците од ковидкризата, но и за прифатената иницијатива недела да биде прогласен за неработен ден, за што Владата го задолжила Министертсвото за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање.

Владиниот портпарол Арсовски го поздрави и усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на Собранието и потенцира дека со тоа граѓаните се увериле оти имаат држава што се грижи за нив. Тој спомена дека со ребалансот се пренасочени финансиски средства за справувањето со здравствената криза со цел навреме да се обезбедат вакцини и лекови, како и за зајакнување на здравствените капацитети.

Арсовски информира дека 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки, за еконосмко заздравување, и за зачувување на работните места. Обезбедни се и 54 милиони денари награда за зздравствените работници, како и 70 милиони евра за субвенционирање на плати за околу 83 илјади вработени за октомври, ноември и декември, додаде Арсовски. 

Фото: Pixbay