МакедонијаСиндикат

За 130 специјализанти ќе продолжат да важат „лихварските договори“

За 130 специјализанти ќе продолжат да важат „лихварските договори“-Работник
235views

Нашите проблеми не се целосно решени со последните измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита од 24 јули, реагираат од неформалната група на кофинансирани специјализанти во соопштението во јавноста.

„Со истиот не се опфатени кофинансираните специјализанти што значи дека за повеќе од 130 лекари-специјализанти ќе продолжат да важат лихварските договори и ќе бидат лишени од другите права што ги имаат државните специјализанти. Со новиот Закон, специјализантите во квота со кофинансирање остануваат најдискриминирана група. Лекарите сами ги покриваат трошоците за специјализација, примаат најниска плата од сите категории специјализанти и имаат најголеми финансиски обврски по завршувањето на истата, односно, пет пати од сумата која е платена како кофинансирање на специјализацијата“, е наведено во дописот.

Во истовреме од групата на кофинансирани специјализанти од Министерството за здравство бара решавање на нивните секојдневни проблеми во најкус можен рок бидејќи, како што потенцираат во соопштението, сакаат да продолжат со развој на кариера во државата наместо да размислуваат за напуштање на земјата и вклучување во здравствен систем на друга држава во кој сите лекари имаат исти права.

Извор: НоваТВ