- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Збогум за приватноста: Развиен сателит кој може да снима низ ѕидовите на зградите

Збогум за приватноста: Развиен сателит кој може да снима низ ѕидовите на зградите
204views

Американската компанија ,,Capella Space” го лансираше сателитот пред неколку месеци. Сателитот е способен да направи исклучително јасни радарски фотографии со екстремно висока резолуција, на било кое место во светот.
Силните сигнали на сателитот не претставуваат пречка, тие може да навлезат низ облаци, магла, врнежи, дим, ѕидови и други цврсти објекти!
Компанијата ,, Capella Space” исто така лансираше платформа што им овозможува на владините служби, како и на привате компании и други клиенти,да го фотографираат било кој објект на Земјата по нивно барање. Во план е таа платформа да стане уште помоќна, кога следната година ќе бидат лансирани уште 6 сателити.

Од гледна точка на нашата приватност, ова звучи навистина морничаво!

Извршниот директор на компанијата, а инаку поранешен инженер во NASA, истакнува дека ова претставува технологија која е различна од техонологијата што се користи за тие намени.
Бројните сензори кој денес се употребуваат за следење на Земјата се оптички. Тоа значи дека, доколку времето е облачно, на снимката ќе се видат облаците, но не и тоа што се случува под нив. А доколку нема доволно светлина, фотографиите тешко дека би можеле да се употребуваат.
Додека пак сателитот Capella може да гледа низ облаците и да снима на Земјата на земјата како да е ведар и сончев ден дури и во услови на мрак. Тоа е возможно затоа што наместо отпичка технологија, се користи радар со синтетички отвор.
Тоа е технологија која работи така што емитува силен радио сигнал на фрекфенција од 9,65 GHz, кој е насочен кон целта. Фотографијата настанува како интерпретација на повратниот сигнал кој се одбива од објектот и го враќа назад во орбитата.
А бидејќи сателитот на Земјата и праќа сопствен сигнал, наместо да фаќа светлина, тие сигнали можат да навлезат низ ѕидовите од зградите и другите објекти.
За сигнал кој се емитува на толку висока фрекфенција, облаците практично се провидни. Тие радио бранови можат да продрат низ облаци, магла врнежи и дим. Бидејќи сателитот самиот генерира сопствен сигнал, тоа изгледа како да користиме батериска лампа, бидејќи во тој случај не ни е важно дали е ден или ноќ.
Истовремената употреба на повеќе такви сателити одеднаш овозможува да се снимаат и тридимензионални фотографии и тоа само за неколку минути.
Ваков вид на технологија, инаку позната и од порано, е прв пат една приватна компанија да ја нуди на комерцијална основа за заинтересираните клиенти ширум светот.
Инаку, оваа технологија се користи за проверка на резервите на нафта во отворените извори. Со оваа технологија може детално да се следат и процесите како што се уништување на Амазонската прашума или надгледување на археолошки пронаоѓалишта, додека владите и службите на безбедноста би можеле да ја користат за следење на движењата и откривање на скривалиштата на терористичките групи.

Извор: telegraf.rs