Наука

Збогум на колоноскопија: Отсега со капсули ќе се прави снимка на цревата

Збогум на колоноскопија: Отсега со капсули ќе се прави снимка на цревата-Работник
422views

Одобрена во Бразил пред скоро четири години, капсулата на дебелото црево конечно почнува да станува популарна и достапна во лабораториите и центрите за дијагностика.

Капсулата служи како алтернатива на традиционалната колоноскопија, каде жичената камера се воведува преку анусот и се води низ целото црево.

„Новата технологија е помалку инвазивна и не бара седација“, вели д-р Адмар Борхес, од бразилското друштво за дигестивна ендоскопија.

Процесот е едноставен: пациентите кои имаат потреба од испитување го голтаат уредот, што е со големина на голема пилула. По минување низ хранопроводот се прави снимка на тенките и дебелите црева.