Правда

Зголемена координација и соработка со донаторите за ефективно искористување на помошта

   Време за читање 1 минута

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На средбата се разговараше за потребата од заедничка соработка за успешно спроведување на проектите финансирани од ИПА програмата на ЕУ за подобрување на квалитетот и достапноста на предучилишноо образование и грижа за децата, подобрување на условите на паарот на труд и социјалниот дијалог, деинституционализација на лицата со попреченост и социјално вклучување на Ромите.

Заеднички ја потврдија важноста од обезбедување на координација и соработка со сите донатори и партнерите заради ефективно искористување на помошта согласно потребите на државата и граѓаните.  Во таа насока во наредениот перидот ќе продолжи функционирањето на Секторската работна група “Образование, вработување и социјална политика“ која е задолжена за програмирање на претпристапната и странската помош, донаторска координација и следење на напредокот. Во наредните 6 месеци ќе се преговараат приоритетите што ќе се финансираат од претпристапната помош 2021 – 2027.

Во 2020 година ќе започне со имплементација новата програма „ЕУ за младите“ во вкупен износ од 16,5 милиони евра. Оваа програма ќе обезбеди поддршка во образованието и вработување на младите со цел да се гарантира подобра перспектива и да се спречи нивното иселување.