ЕкономијаМакедонијаНовости

Зголемени продажните цени на индустриските производи во септември во однос на август

Зголемени продажните цени на индустриските производи - Работник
28views

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во септември во однос на август имало повисоки цени во секторите Рударство и вадење на камен за 1,9 и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2 проценти, додека во секторот Преработувачка индустрија тие биле пониски за 0,1 процент.

Во споредба со септември лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки повторно во секторите Рударство и вадење на камен и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а пониски во секторот Преработувачка индустрија.

На странските пазари, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0,1 проценти на месечно ниво и пониски за 1,5 проценти на годишно ниво.