- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Зголемено индустриското производство во октомври

Зголемено индустриското - Работник
202views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 104.2.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи опаѓање од 11.0 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 7.8.%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 5.5 %.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2 %, Капитални производи за 12.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кајЕнергија за 8.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, изнесува 105.4.

Advertisement