ЕкономијаСветСиндикат

Зголемен минималецот за германските градежни работници

Зголемен минималецот - Работник
166views

Синдикатите и работодавачите во градежниот сектор во Германија се договориле за новата минимална плата на час за градежните работници која ќе изнесува 12,55 евра за помошните и 15,40 евра за квалификуваните работници.

„Сега на ред се работодавачите кои треба да ги исфрлат последните препреки за подигнување на долните граници за минималната плата на час во градежниот сектор“, рекол во Роберт Фегер, претседател на синдикатот за градежништво ИГ БАУ, откако синдикатите формално го прифатиле договорот постигнат со работодавачите во декември.

Според тој договор, минималната плата на час во градежниот сектор ќе порасне од 1 април за 35 проценти, на 12,55 евра, за помошните работници во градежништвото.

За квалификуваните работници минималната плата на час ќе порасне за 20 проценти, на 15,40 евра.

На исток сеуште без договор

Зголемувањето на минималната плата на час за градежниците се однесува на сојузните покраини кои некогаш и припаѓале на Западна Германија.

За источните сојузни покраини сеуште не е постигнат договор.

Од новата минимална плата на час, како што тврди ИГ БАУ, ќе профитираат повеќе од 200,000 вработени во градежниот сектор.

Вкупно во овој сектор во Германија вработени се речиси 820,000 работници.