ЕкономијаСвет

Зголемувањето на платите го продолжи забранувањето за вработување во државниот сектор

Зголемувањето на платите - Работник
66views

Иако е најавено дека после пет години ќе биде укинат законот за максимално одредување на бројот на вработени во државната служба во Србија до 2020 година и понатаму ќе се вработува по старо, доколку на тоа даде амин владината комисија за давање на согласност, пишува Нова економија.

Според пресметките на Фискалниот совет, причината поради тоа е планираното превисоко зголемување на платите (во просек 9,6 отсто) не остава простор за ново вработување во државниот сектор. Односно, сите пари за плати ќе се потрошат за се поголеми заработки на моментално вработените.

Имено, со неодамна усвоените измени на законот за буџетски систем, корисниците на јавните средства не можат да основаат работен однос о новите лица поради пополнување на слободните, односно празните работни места до 31 декември 2020 година.