ЕкономијаСветСиндикат

Зголемување на платите во јавниот сектор во Германија

67views

Германската Влада постигна договор со синдикатите на вработените во јавниот сектор во врска со платите, со кој се опфатени околу 2,3 милиони работници во локалната и сојузната администрација.

Договорено е најниските плати да се зголемат за 4,5 отсто, а највисоките за 3,2 процента, соопшти синдикатот Верди.

Договорот, кој предвидува и еднократен бонус во износ од 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицинските сестри и вработените во домовите за стари и изнемоштени лица, истекува кон крајот на 2022 година.

Според претставници на синдикатот, вработените во здравствениот сектор најмногу заслужуваат зголемување поради нивната клучна улога во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Европската централна банка внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија, поради евентуално загрозување на целната инфлација.