Иако се најавуваше дека тие ќе добијат паричен надоместок, сепак и за нив ќе биде доделена платежна картичка во износ од 40 отсто од основната нето плата за што ја земале во мај годинава.

Ова ќе важи за вработеите во Јавните здравствени установи, Клиниката за инфективни болести, Институтот и Центрите за јавно здравје брзата помош, работниците од другите одленија кои биле ангажирани за справување со Ковид-19.

За националната платежна картичка што е дел од третиот сет мерки не треба да се аплицира туку со матичен број граѓаните ќе треба да проверат дали им следува картичката. Платежна картичка ќе има и за младите од 16 до 29 години кои се запишани во државните средни училишта и факултети. За платежната картичка е предвидена сума од 25 милиони евра.

Извор: Лидер