ПравдаСветСиндикат

Здравствените синдикати во Хрватска пред Министерството за здравство побарале да им се исполнат барањата

Здравствените синдикати - Работник
31views

Преговорите за платите во здравството и протестната акција „Пет до 12“ продолжи денеска. Хрватскиот струков синдикат на медицински сестри – медицински техничари и Самостојниот синдикат на здравството и социјалната заштита мирно протестирале.

Во 9:45 пред Министерството за здравство во Загреб почнале да се собираат здравствените работници за да го насочат вниманието кон проблемите со кои се среќаваат вработените во дејноста здравство, како и да се изборат за достоинствени услови за работа и достоинствено платена работа.

Владата на здравствените синдикати на денешните преговори не им понудила ништо конкретно, а преговорите продолжуваат следната среда, изјавила денеска Претседателката на Синдикатот на медицински сестри и техничари, Аница Прашњак.

„Одредени понуди имаше, но ништо конкретно“, рекла Прашњак и додала дека за тоа детално ќе разговараат во среда ‘во однос на понуденото и новите понуди’.

Додала и дека ќе се разговара за спорниот член 49 од Колективниот договор кој ја регулира прекувремената работа. На работодавачот тој член му е проблематичен бидејќи станува збор за големи финансиски средства, како и поради поднесените тужби, па затоа бараат одредени објаснувања.