ЗанимливостиМагазинНаука

Зелениот чај може да ви го продолжи животот

Зелениот чај може да ви го продолжи животот - Работник
144views

Ново истражување за позитивните ефекти од консумирањето зелен чај и кафе за луѓето со дијабетес тип 2 доаѓа од Јапонија.

Оваа комбинација, тврдат тие, потенцијално го намалува ризикот од смртност од сите причини за 63 проценти кај луѓе кои често (барем еднаш на ден) ги консумираат овие пијалоци.
Претходните студии веќе ги потенцираа здравствените придобивки на зелениот чај, покажувајќи дека го намалува ризикот од развој на дијабетес, ја подобрува контролата на глукозата и чувствителноста на инсулин.
Сепак, новата студија спроведена од јапонски научници се состоеше од набудување како консумирањето зелен чај влијае на луѓето кои веќе имаат дијабетес. Тие проучувале 4.923 пациенти со просечна возраст од 66 години.
Луѓето кои пиеле повеќе од четири шолји зелен чај на ден имале 40% помал ризик од смрт по завршувањето на студијата која траела пет години.
Исто како зелениот чај, докажано е дека кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес, но научниците истражувале и како кафето влијае на луѓето кои веќе се дијабетичари.
Студијата е објавена во списанието „BMJ Open Diabetes Research & Care“, а се наведува дека пиењето две или повеќе шолји кафе во текот на денот ја намалува вкупната смртност за 41 процент, пренесува порталот Кликс.
Комбинираното пиење на овие два пијалаци, сепак, имаше најдобар ефект.
„Комбинацијата на зелен чај и кафе значително ја намали смртноста поради сите причини, за 63 проценти“, пишуваат авторите на студијата.
Оние што пијат четири или повеќе шолји чај, како и две или повеќе шолји кафе, имаат најголем бенефит. Експертите советуваат да консумирате кафе и зелен чај без додавање на шеќер и млеко, за да добиете позитивен ефект.