- Advertisement -
ЕкономијаСвет

Земјата во која сонцето започна да „заоѓа“: Јапонија бележи економски пад од 28%

Земјата во која сонцето започна да „заоѓа“: Јапонија бележи економски пад од 28% - Работник
114views

Јапонија веќе влезе во рецесија во првиот квартал од оваа година

Економскиот пад на Јапонија во вториот квартал на 2020 година е поголем отколку што првично се проценуваше, покажуваат крајните показатели објавени денес.

Advertisement

Јапонската влада соопшти дека поради пандемијата на коронавирусот, според сезонски прилагодените податоци, бруто домашниот производ реално падна за 28,1 процент во кварталот од април-јуни на годишно ниво, што е полошо од претходната проценка од минатиот месец од 27,8 проценти.

Во споредба со првиот квартал од 2020 година, јапонската економија падна за 7,9 проценти во вториот квартал, а не 7,8 проценти како што првично се проценуваше.

Advertisement
Advertisement

Претходниот најголем пад на економијата, од 17,8 проценти, беше забележан во првиот квартал на 2009 година за време на светската финансиска криза, така што овој последниов претставува најлош пад од Втората светска војна.
Јапонија веќе влезе во рецесија во првиот квартал од оваа година, кога економијата потона за 2,3 проценти на годишно ниво, откако падна за 7,0 проценти во последниот квартал од минатата година.

Advertisement