Наука

Земјата во својата орбита заробила астероид, се однесува како мини Месечина

Земјата во својата орбита - Работник
318views

Земјата „посвоила“ друга „мини Месечина“ со големина на автомобил, објавиле астрономите откривајќи објект кој кружи околу нашата планета.

Масата на дијаметарот од 1,9х3,5 метри ја виделе астрономите Кацпер Виерзшос и Теди Прајни од опсераваторијата Каталина Скај Сурви во Аризона, институција финансирана од страна на НАСА.

„Голема вест. Земјата привремено заробила објект наречен 2020 ЦД3“, веројатно астероиод од типот Ц, објавил Виерзшос.

Втор астероид кој кружи околу Земјината орбита

Ова е дури вториот астероид за кој се знае дека кружел околу Земјината орбита по објектот наречен 2006 РХ120 кој исто бил откриен во Каталина.

Неговото патување укажува на тоа дека во Земјината орбита влегол пред три години, рекол Виерзшос. Веројатно се работи за астероид кој го привлекла Земјината гравитација, бидејќи не се пронајдени никакви докази дека се работи за вештачки објект.

Новиот сосед на Земјата не е во стабилната орбита и малку е веројатно дека таму ќе остане уште долго.

„Се оддалечува од Земјата и веројатно на пролет ќе избега и ќе отпатува во некој друг систем“, рекле астрономите.

Првиот астериод, 2006 РХ120, околу Земјата кружел од септември 2006 до јуни 2007 година.