- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Земјата минатата година се вртела побрзо од годинава

Земјата минатата година се вртела побрза од годинава
67views

Минатата година беа забележани 28 најбрзи денови од 1960 година, а нашата планета се вртела околу својата оска неколку милисекунди побрзо од просекот.

Но, нема потреба да се грижиме за тоа, ротацијата на Земјата околу оската цело време варира затоа што врз неа влијаат промените во атмосферскиот притисок, ветровите, океанските струи и движењето на јадрото.

Ваквото едвај забележливо зголемување или намалување на брзината може да биде незгодно само за оние кои се занимаваат со ултра-прецизни атомски часовници кои мерат Координирано универзално време (UTC), според кое ги поставуваме нашите часовници. Кога ротацијата на Земјата отстапува од UTC за повеќе од 0,4 секунди, UTC тогаш почнува да се прилагодува.

Додавање секунди

До сега, за време на прилагодувањето кон крајот на јуни или декември, се додаваа престапните секунди, како UTC би се совпаднал со астономското време. Но, тоа е до неодамна, вкупниот тренд на ротација на Земјата забавуваше од почетокот на прецизните мерења на сателитите кон крајот на 1960-тите и раните 1970-ти.

Од 1972 година, експертите додадаваат скок секунда приближно секоја година и половина. Последното вакво прилагодување беше во 2016 година, кога на крајот на годината, во 23 часот, 59 минути и 59 секунди, беше додадена една „скок секунда“.

Сепак, минатата година работите се случија поинаку и сега, за прв пат, научниците размислуваат за одземање на една секунда од UTC. Имено, денот трае во просек 86.400 секунди, но астрономскиот ден во 2021 година ќе биде пократок за 0,05 милисекунди во просек. На крајот на годината, тоа може да биде заостанување од 19 милисекунди. 

Минатата година имавме 28 побрзи денови од најбрзата 2005 година

Доколку ротацијата на Земјата се забрза, можно е да биде потребен негативен скок во секунда. Засега е рано да се каже дали тоа навистина ќе се случи – за “Telegraph” изјавува физичарот Питер Виберли од Националниот лабораториски институт за физика во Велика Британија. 

За ова се дискутира и на меѓународно ниво. Можно е потребата од негативен скок во секунда да ја поттикне одлуката за целосно укинување на престапните секунди – додава тој.

Астрономски гледано, Земјата го сруши претходниот рекорд за најкраток астрономски ден поставен во 2005 година 28 пати минатата година. Во текот на најкраткиот ден од таа година, 5 јули, нашата планета се вртеше околу својата оска 0,0516 милисекунди побрзо од просекот од 86,400 секунди. Најкраткиот ден во 2020 година беше 19 јули, кога планетата ја заврши својата ротација 1,4602 милисекунди побрзо од просекот.

Извор: www.b92.net
Фото: pixabay.com

Advertisement