Земјите во регионот ја зголемија минималната плата, а ние ќе почекаме до март 2025 година
Земјите во регионот ја зголемија минималната плата, а ние ќе почекаме до март наредната година. Во март 2025 година треба да се изврши усогласување на минималната плата со трошоците за живот, односно минималецот процентуално треба да порасне колку и инфлацијата. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека барале зголемување на нашиот минималец на 450 евра согласно зголемување на платите во регионот. Црна Гора воведе две минимални плати за вработените во зависност од образованието. За оние со средно и пониско образование, минималецот ќе биде 600, а за вработените со више и повисоко образование од тоа – 800 евра. Минималната плата во Бугарија ќе се зголеми на околу 500 евра, а во Србија синдикатите на 15 август ќе почнуваат преговори за зголемување на минималецот од 400 евра на 528 евра.
Повеќе на Вечер