ЕкономијаМакедонија

Земјоделците многу ретко се здружуваат во задруги

Земјоделците многу ретко се здружуваат во задруги - Работник
34views

Во Македонија се оформени само четириесетина земјоделски задруги, иако имаме огромен број индивидуални земјоделци. Законот за формирање на задругите одамна е донесен, но, како што посочуваат упатените, тој не се применува, односно има недостатоци што ги демотивираат земјоделците да се зачленуваат во задруги.
– Од самото предлагање и донесување на законот за задруги, тој претрпе критики и препораки за промена, но тие, за жал, не беа внесени во законот. Главна причина за незаинтересираноста на земјоделците и нефункционирање на задругите е персоналниот данок, кој за членовите изнесува 10 проценти, додека данокот за сите други индивидуални земјоделци и семејни земјоделски стопанства е само 2 отсто.

Генерално, податоците говорат дека од земјоделските производи, земјоделците остваруваат околу 20 отсто заработка, па ако од тие издвојат 10 проценти персонален данок, кој мораат да го платат преку задругата, тоа значи дека дури 50 отсто од профитот на земјоделците треба да ѝ се даде на државата – вели Љупче Станковски, претседател на здружението „Агрофаланга“.

Тој истакна дека неколкупати е посочувано на овој проблем и додаде дека и претходната власт, која го донела законот, и сегашната останале глуви на посочениот недостиг. Втор голем проблем на кој укажува Станковски и кој сѐ уште не е надминат е губењето на бесплатното здравствено осигурување од бирото за вработување со приклучување во задруга, пишува Zelenaberza.com.mk.

Целосниот текст можете да го прочитате тука