ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Земјоделците ќе протестираат, а Владата им исплатила денеска на 3 милиони евра субвенции

Земјоделците ќе протестираат - Работник - Фото: МЗШВ
273views

Владата исплаќа субвенции во пресрет на утрешниот протест, што земјоделците го организираат токму поради доцнењето со исплата на субвенциите. За само два дена исплатени се речиси 3,2 милиони евра. Вчера пари добија оризопроизводителите, а денеска млекарите. Надлежните велат дека исплатата се врши сега бидејќи ги чекале парите од ребалансот, а не за да ги замолчат земјоделците. Министерот за земјоделство смета дека најавениот протест има политичка позадина, зашто земјоделците знаеле кога ќе ги добијат парите.

“Мислам дека кога сме во една таква фер комуникација не гледам причина и повод за да се излезе, но тоа е нивно право, така решиле. Не е ова дека сега нешто брзаме со исплатата за да се смирува. Секако дека ова остава малку и мирис на политичка запршка, во која што се става некој зачин само за да се долее на сето ова. Веќе знаете дека изборите се најавени за 12 Април, а ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе и со јавна поддршка на протестот, но они може да излезат со јавна поддршка. Но, она што можевме да го чуеме и од аудио-снимките дека токму се и организатори на ваквите протести”, изјави Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука