ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Зибери: 600 евра плата за здравствените работници во првите 100 дена Влада

Зибери: 600 евра плата за здравствените работници - Работник
116views

Мојот акционен план за првите 100 дена, опфаќа 25 конкретни мерки за подобрување на еднаквоста и животниот стандард за сите граѓани на Северна Македонија, рече денеска кандидатот за премер Албанец од ДУИ, Насер Зибери.

Тој кажа дека здравството е еден од најважните столбови на едно општество, а особено во ова време на пандемија.

„Вие, докторите и здравствените работници, бевте главните и најекспонираните фигури во првите редови на нашата борба против Ковид-19. Една од моите први активности како премиер е да ја зголемам минималната плата за здравствените работници за 50 проценти, односно на 600 евра“, порача Зибери.

Нагласи дека ова ветување ќе биде исполнето во рамките на првите 100 дена на Владата.

„Ќе инвестираме во опрема и инфраструктура во здравствените установи со цел да гарантираме подобри услови во областа на здравството како и подобри и побрзи услуги за нашите граѓани“, се обврза Зибери.