Занимливости

Знаете ли колку информации за вашата локација открива паметниот телефон?

Знаете ли колку информации - Работник
193views

Веројатно знаете дека вашиот паметен телефон ве следи. Барем имате идеја за тоа дека компаниите следат како ги користите нивните апликации и што правите „на мрежата“.

Тоа не е вест. Она што може не сте го знаеле е степенот до кој сте следени. Поточно, постои целосна индустрија базирана на следење на точните локации на вашиот паметен телефон и пружање на тие информации на маркетинг менаџерите.

Иако компаниите кои стојат зад следењето на локациите велат дека вашите информации се анонимни, не е тешко да се открие каде се одите со вашиот телефон.

Ова е откриено во новиот обемен извештај на Њујорк Тајмс кој имал пристап до податоците за локациите на 12 милиони паметни телефони во текот на неколку месеци.

Реалноста е дека тоа се детали од кои информациите што ќе ги дознаете се воодушевувачки. Имено, многу е лесно да се одреди на кој му припаѓа уредот на основа на неговата присутност дома или на работното место.

Всушност, нонинарите на Тајмс објасниле дека успеале да го идентификуваат вработениот на Мајкрософт кој отишол на интервју во Амазон, а еден месец подоцна заминал на новото работно место.

Се тоа од, наводно, анонимни податоци.

Сепак, ако новинарите сето ова можеле да го сфатат од тие анонимни податоци, за некој хакер ни покомплексното „заклучување“ сигурно нема да му претставува проблем.

Но, во реалност, поголемиот дел од луѓето многу малку обрнуваат внимание на упатставата кои се појавуваат кога апликацијата им бара дозвола за делење на локацијата. Во главно мислиме „сигурно на Фејсбук му е потребна мојата локација за да би можел да ја означам оваа фотографија“.

Но, она што многумина го забораваат е дека Фејсбук не го интересира одредената фотографија. Фејсбук, поточно, се грижи за изработка на профилот на секој корисник на основа на стотици податоци за да може да ја кешира неговата приватност. И не е единствен. Покрај фактите дека е морничаво тоа што ги следат, скалдираат и агрегираат податоците, постојат два многу вистнински и ополиви проблеми со овој вид на следење.

Првиот е дека вашата локација е буквално многу приватна информација. Тоа каде моментално се наоѓате длабоко е лично и може да открие информација која вие не сакате да ја поделите со било кого, а во најмала рака со сите марктениг менаџери. Но, ова не е најлошото можно сценарио. Што се случува кога тие информации ќе завршат во рацете на некој со подруги намери.

Што се со хакерите кои можат да им пристапат на тие информации, да ги исфилтрираат поради некои компромитирачки податоци и да ги користат за уценување на луѓе? Или со криминалец кој ја следи шемата на вашата локација и утврдува кога вашиот дом ќе биде празен.