Занимливости

Знаете што е ова? Подобро е да не знаете, па останете дома

Знаете што е ова? - Работник
150views

Здравствените работници од целиот свет на социјалните мрежи споделуваат една фотографија.

Не неа е метален уред, а до него е напишано: „Знаете што е ова? Останете дома и никогаш нема да дознаете“.

Се работи за ларингоскоп, уред кој се користи во текот на интубацијата, кога пациентите се ставаат на респиратор. Тој опремен е со огледало, светло и вградена камера која се користи за испитување на гркланот. Поголемиот број на интубации вклучуваат ларингоскоп за набљудување во текот на интервенцијата.

На пациентот му се отвора устата, ларингоскопот се држи во левата рака и се става од десната страна во устата на пациентот додека јазикот со ларингоскопот се помрднува налево до среднината.

 

Поради тоа што интубацијата е тешка за секој доктор, медицински техничар и пациент, најдобар начин е да ја избегнете, односно да останете дома, бидејќи тоа засега е единствена позната мерка која помага да не се шири вирусот.