ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Зошто бројот на членови во синдикатите опаѓа?

Зошто бројот - Работник
140views

Бројот на членови на синдикатите во Србија опаѓа, а вината за тоа ја носат сите страни вклучени во трипартитниот социјален дијалог – државата, работодавачите и синдикатите, согласни се претседателите на петте најголеми синдикални централи во серија на разговори за сајтот Независност.орг.

Сепак, клучниот виновник е власта бидејќи опаѓањето на синдикалното организирање е последица на континуираното кршење на основните работнички права, сметаат лидерите на Сојузот на самостојни синдикати на Србија, Обединетите грански синдикати „Независност“, Асоцијацијата на слободни и независни синдикати, Конфедерацијата на слободни синдикати и Здружените синдикати „Слога“.

Државата ги привлекува странските инвеститори давајќи им неразумно големи финансиски субвенции, но и незаконски ветувања и гаранции дека синдикатите нема да им прават никакви проблеми што капиталот, особено вон европскиот, се користи за најгруба есплоатација и мобинг врз работниците, наведуваат петте лидери.