ЗанимливостиСветот на работникот

Зошто да барате работа на почетокот од новата година?

Зошто да барате работа - Работник
147views

Според податоците кои неодамна ги анализирал огласувачот за работа „Монстер“, јануари и февруари се најпопуларни месеци за луѓе кои бараат нова работа.

За среќа на барателите на работа, отворањето на нови работни места се зголемува и во текот на новата година, бидејќи работодавачите добиваат нови, освежени годишни буџети.

Страната за барање на работа ЗипРекрутер пишува дека огласите за работа вообичаено се зголемуваат за 15 проценти од декември до јануари.

Бидејќи бројот на бараните работниците забрзано расте на почетокот од годината, процесот на пријавување може да стане поконкурентен. Џулија Полак, економистка која работи во компанијата ЗипРекрутер, претходно за CNBC Make It рекла дека клучот за добивање на ново работно место е пробивавањето низ гужвата.

„Пријавете се порано и веднаш реагирајте на било кој емаил или повик на интервју“, порачала таа.

Грег Мекбрајд, главниот финансиски аналитичар на Банкрет, за CNBC Make It вели дека благодарение на тесниот пазар на труд со мала невработеност, работниците можат да остварат значаен пораст на примањата со пронаоѓањето на нова улога.

Банкрет неодамна испитал 1,000 луѓе и открил дека во 2019 година, 28 проценти од работниците добиле покачување на платите, 12 проценти добиле подобро платена работа, а 10 проценти и покачување и подобро платена работа.

Мекбрајд вели дека не е изненаден од тоа што помалку од половина од работниците оваа година добиле зголемување.

Брајан Кроп, потпретседател на истражувачката компанија Гартнер за CNBC Make It дека во 2018 година просечното зголемување на додатоците на работниците кои ја напуштиле старата работа поради новата изнесувало околу 15 %.

„Никогаш нема да ги добиете тие 15 % ако останете на своето моментално работно место“, вели Кроп. „Тоа едноставно нема да се случи“.

Поради таа причина, сега можеби е време да побарате нова работа, дури и ако сте среќни со моменталната, па дури и ако тоа бара да се преселите во нов град.

Лиз Весел, ко – основач и извршна директорка за работни места во Веј ап, вели дека оние кои бараат работа секогаш треба да бидат отворени.

„Бидете отворени за различни видови на можности, особено ако можете да бидете флексибилни околу локацијата“ рекла таа за CNBC Make It. „Да се биде на нова и помалку непозната локација може да ви помогне да дознаете повеќе за себе и подобро да се вклопите во новата улога“.