НовостиСветот на работникот

Зошто е тешко да се одржи концентрацијата на работа и во животот? Еве како да ја поправите својата продуктивност и да напредувате

   Време за читање 5 минути

Некои луѓе имаат здравствена состојба која се нарекува нарушување на вниманието и хиперактивност (ADHD) поради која лесно им се одвлекува вниманието и ја попречува нивната способност за концентрација. Но, има и други фактори кои можат да влијаат на концентрацијата.

Вашата возраст, здравјето, недостатокот на сон, околината и емоциите играат важна улога, пренесува Harvard Health Publishing. Животните навики, исто така, често играат важна улога. На пример:

„Мултитаскинг“

Ефектот на пинг-понг каде фокусот го префрлате од една на друга задача му штети на мозокот, па затоа многу е подобро да се фокусирате на секоја задача одделно.

Дигитални пречки

Луѓето непрестајно се бомбардирани со пораки, мејлови и известувања од паметните телефони. Дневната поплава од вакви препреки може да претставува голем предизвик за мозочните невронски мрежи кои ја регулираат концентрацијата.

Алкохол

Претераното консумирање на алкохол може да ја забави активноста на мозокот и да ја наруши концентрацијата.

Стрес

Емоционалниот стрес ја намалува способноста на префронталниот кортекс на мозокот да ги обавува своите бројни функции, вклучително и концентрацијата и паметењето.

Лекови

Некои лекови без рецепт и лекови на рецепт имаат нус појави кои влијаат на вниманието и фокусот. Лековите кои можат да предизвикаат вакви проблеми вклучуваат: средства за спиење, лекови против алергија, настинка и грип кои содржат дифенхидрамин, лекови против анксиозност, антиколинергични лекови, вклучувајќи антидепресиви или антихистаминици, лекови против Паркинсонова болест, лекови за контрола на мочниот меур, антиконвулзивни лекови, лекови за кардиоваскуларниот систем, бета блокатори, кортикостероиди, лекови против болки, седативни на рецепт…

Како можам да ја подобрам својата концентрација?

Секој мозок е различен, па некои луѓе имаат поголем проблем со концентрацијата од другите.

Доколку забележат ненадејни промени во својата способност да се концентрираат – на пример, ако имаат проблем со довршување на рутински задачи и домашни обврски, ако редовно губат важни работи или често носат лоши одлуки, луѓето би требало да му се обратат на својот лекар. Овие симптоми можат да бидат последица на одредена здравствена состојба која бара медицинска грижа, како болести на срцето, депресија, анксиозност или деменција.

Промени на начинот на живот за подобрување на концентрацијата

Промената на начинот на живот може да им помогне на луѓето да ја подобрат концентрацијата.

Вежбајте аеробик

Целите на 150 минути неделно вежбање аеробик со умерен интензитет. Примерите вклучуваат трчање, брзо одење или пливање. Овие вежби го зголемуваат дотокот на крв во префронталниот кортекс, дел од мозокот одговорен за фокус и концентрација.

Наспијте се

Седум до девет часа се доволно. Обидете се да заспиете отприлика во истото време секоја вечер и да се разбудите во исто време секое утро. Посоветувајте се со својот лекар за своите медицински проблем кои го попречуваат вашиот сон, како опструктивна апнeја за време на спиењето, синдром на немирни нозе, чести ноќни одења во тоалет, ноќно потење или болки во зглобовите.

Јадете поздраво

Исхраната базирана на билна база, како медитеранската, која нагласува поголемо консумирање на овошје, зеленчук и храна богата со хранливи влакна, а ги избегнува едноставните шеќери, докажано го одржува здравјето на мозокот.

Проверете ги своите лекови

Прашајте го вашиот доктор дали некои од лековите кои ги земате придонесува кон тоа да ја губите концентрацијата.

Навики и стратегии за подобрување на фокусот

Од голема помош е и усвојувањето на навики и стратегии.

Работење во временски блокови

Работењето во мали периоди, со паузи помеѓу, може да ви помогне во зголемувањето на концентрацијата, бидејќи таа има тенденција да се намалува после одредено време. Должината на задржувањето на фокусот зависи од човек до човек. Експериментирајте со временската рамка која најмногу ви одговара.

Избегнувајте „мултитаскинг“

Задачите извршувајте ги една по една.

Отстранете ги пречките

Исклучите го телевизорот, поставите блокатори на веб страните, исклучете го паметниот телефон или вклучете ги опциите за блокирање на повиците и известувањата.

Вклучете го својот мозок

Вежбајте активности кои изискуваат фокус и концентрација, по можност оние кои бараат високо ниво на внимание. Обидете се да научите нова вештина, како свирење на музички инструмент или учење нов јазик.

Вежбајте медитација на свесност

 „Mindfulness“ е фокусирање на сегашниот момент. Се покажало дека практикувањето на свесноста го насочува мозокот кон зајакнување на концентрацијата. Секој ден одвоите по неколку минути, мирно седете, затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење и звуковите околу вас.

Останете друштвени

Осаменоста може да доведе до депресија, анксиозност, стрес и да ја попречува концентрацијата, поради тоа бидете во контакт со вашите пријатели или семејството, за да го задржите вашиот ум активен и остар.

Извор: Blic.rs/Bljesak.info/Manager.ba

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *