Занимливости

Зошто кучињата длабоко се врзуваат само за една личност?

Зошто кучињата - Работник
209views

Кучињата нас не гледаат во очи за да се поврзат со нас. Истото и ние го правиме кога сакаме да се поврземе со другите луѓе. Кучињата се социјални битија и не можат да живеат без друштво. Покрај многуте луѓе кои кучињата ги имаат во животот, тие избираат една специјална личност на која ќе и дадат најмногу љубов и внимание. Оваа поврзаност на кучињата им е многу важна, дотолку што чувствуваат љубомора ако ја видат својата омилена личност со друго животно.

Константно поминуваат време со својот сопственик

 

Кога ќе му дозволите на вашето куче да спие со вас во кревет, кога го дресирате, се грижите за него и поминувате доста време со него, тогаш формирате силна врска помеѓу вас.

Било која позитивна активност со вашите крзнени пријатели помагаат да нивната љубов кон вас расте. Работите како масажа, прошетки и галење прават вашето куче да ве слуша и да се навикне да секое време поминато со вас биде забавно.

Ја чувствуваат наклонетоста на својот сопственик

 

Ако живеете во големо семејство, вашето куче може да има неколку омилени личности. Сепак најмногу поврзаност ќе има со личноста која најмногу се грижи за него. Ако му наполните чинија со храна или секое утро го водите на шетање, кучето тоа ќе го забележи и ќе има посебено место за вас.

Многу е едноставно – што повеќе давате, повеќе ќе добиете

Кучињата своите сопственици ги гледаат како извор на позитивноста

 

Кучињата често креираат позитивни асоцијации на луѓето кои ги опкружуваат. Во суштина, доколку на своето куче му пружите убави работи како вкусни грицки и забавни играчки, асоцијацијата ќе биде моментално формирана. Ако сакате да ја стекнете пожартвуваноста на вашето куче, направете го среќно.

Особините на сопственикот и кучето се поклопуваат

 

 

View this post on Instagram

 

Always 💯❤️🌠🌠🌠🌠😇😇😇😇😇😇😇😇😇😇😇😇

A post shared by Tom Hardy (@tomhardy) on

Како што луѓето можат да изберат личност чии особини им одговараат, така можат и кучињата. Ако обрнете внимание на кучињата и нивните сопственици, поголемиот дел од нив личат еден на друг. Енергетичните кучиња преферираат активни луѓе, додека смирените и мрзеливи кучиња го поминуваат своето време со поопуштени сопственици.

Брајт Сајт препорачува неколку видови на кучиња кои подобро се поврзуваат со самците:

  • Бигл
  • Бордер коли
  • Шетландски овчар
  • Француски булдог
  • Германски овчар
  • Лабрадор ретривер и златен ретривер
  • Бернандинец

Дали вие имате куче? Дали сте негова омилена личност?