ПравдаСветот на работникот

Зошто не треба да се намалуваат платите во јавниот сектор?

   Време за читање 4 минути

Имам постојани контакти со граѓаните кои се засегнати од мерката за намалување на платите во јавниот сектор, рече Проф. Д-р Лазар Јовевски во утринската емисија на Алфа.

Тој рече дека вчера се одѕвале голем број на синдикати коишто ги обединуваат вработените во јавниот сектор и во тој контекст вели дека нивните реакции се негативни.

„Реакциите кои доаѓаат од граѓаните, моите пријатели, колеги, познаници велат дека на овој начин се удира директно во економската стабилност на граѓаните и тоа не се мал број на граѓани, туку станува збор на огромен број на граѓани и во тој контекст намалувањето на примањата на вработените во јавниот сектор на минимална плата има повеќе негативни последици или аспекти“, вели Јовевски.

Според него еден од тие аспекти е соочувањето со потрошувачката моќност на граѓаните, односно намалување на нивната потрошувачка моќ, бидејќи 14,500 денари се пари коишто не можат да обезбедат еден достоинствен живот на граѓаните, дотолку повеќе што има семејства каде што само еден е вработен, за што тој вели дека такви реакции доаѓаат и до него, особено од вработени од јавниот сектор.

„Еве, да претспоставиме дека тој вработен земал од 25 до 30 илјади денари плата, со којашто успевало четиричленото семејство да фунцкионира во претходниот период, сега со оваа мерка е нарушена егзистенцијата на таквите семејства. Не велам дека вакви семејства се многу, но не се ни малку. Сепак, има голем број на семејства каде што има само еден вработен во јавниот сектор и тоа ќе биде еден силен удар за нивниот домашен буџет“, вели Јовевски.

Тој истакна дека од друга страна имаме еден аспект на рапидно намалување на куповната моќ на граѓаните. Според него, доколку целиот јавен сектор кој брои околу 180,000 вработени влезе во една таква внатрешна рецесија во однос на финансиската моќ и стабилност на толку голем број на граѓани, тоа секако ќе се одрази и во делот на потрошувачката.

Јовевски посочи дека самата внатрешна потрошувачка претставува основа за развој и за движење на економијата, покрај другите параметри на економските параметри коишто треба да делуваат за развој на економијата и раст на Бруто домашнот производ.

„На овој начин предложена, мерката е радикална за којашто се плашам дека нема да го даде вистинскиот и очекуваниот ефект, ниту во нејзините економски аспекти коишто сакаат да се постигнат, ниту пак во аспкетите кај самите граѓани“, рече Јовевски.

Тој посочи дека има голем број на други мерки коишто би можеле да се преземат и имплементираат. Вели дека ние како држава сме се соочиле со финансиска криза, имаме искуства и од останати земји во регионот и во светот, каде што според него нема вакви предложени мерки, а помеѓу нив има и држави коишто имаат слични економски параметри како и Македонија.

Како што вели, во овој период пологично е да се стимулира економијата со одредени финанскиски инекции коишто ќе значат стабилизирање на куповната моќ на граѓаните, стабилизирање на пазарот на трудот којшто пред се е засегнат. И во тој контест давање на една можност на самите граѓани да чувстуваат сигурност, бидејќи во овој период покрај психичкиот страв, доколку на граѓаните им се внесе и чувство на финансиска неизвесност, гледајќи ја психолошката рамка, може да се предизвика дополнителен психолошки и социјален негативен ефект во самото општество.

Бобан Илијевски