- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Зошто ни се спие кога времето е врнежливо?

225views

Доколку денот е облачен и дождлив, се будиме потешко и се чуствуваме поспано поголемиот дел од денот. Главната причина за тоа е во хормонските промени.

Според една студија спроведена од државниот универзитет во Пенсилванија, доколку денот е врнежлив, дневната светлина е помала па телото лачи помалку серотонин, а повеќе мелатонин.

Серотониот е уште познат и како хормон на среќата. Тоа е хормон кој ни дава општо чуство на благосостојба, енергија и добро расположение. Кога неговото ниво е намалено, поголеми се шансите да се чуствуваме поспани, уморни и меланхолични.

Мелатонинот пак, од друга страна, претставува хормон кој ни дава чуство на поспаност.

Сепак, научниците наведуваат дека покрај хормонските промени, важен е и звукот на дождот. Кога звукот е тивок или умерено гласен и рамномерен, како што е паѓањето на дожд, нашиот мозок тоа го толкува како сигнал за смирување.