ЗанимливостиНаука

Зошто планетата Земја и Венера се нарекуваат сестри близначки?

Зошто планетата Земја и Венера се нарекуваат сестри близначки?-Работник
133views

Венера е наречена “Сестрата на Земјата”. Земјата е трета планета од Сонцето; Венера е втора. Овие две планети се слични по големината и густината, според содржината на материјата што ја содржат. Сепак, таа сличност не е потполна. Венера повеќе личи на злобна сестра или како ја нарекуваат Земјината “злобна близначка”, која има разурнувачка атмосфера, пеколни температури и отровни облаци.

Атмосферскиот притисок на Венера, главно е составена од јаглероден диоксид. Нејзината атмосфера е педесет пати погуста од онаа на Земјата. Ако еден човек застане на површината на Венера, секој сантиметар од неговото тело ќе биде притиснат со сила од 88,6 килограми. Одењето по Венера би било слично на прошетки под површината на океанот на Земјата, на длабочина од 800 метри. Поради атмосфера која содржи 96% јаглерод диоксид, Венера е изложена на многу силен ефект на стаклена градина. Таа ја прима светлината на Сонцето, но не може да се ослободи од топлина. Затоа, нејзината површина постојано се задржува на пеколни 480 ° C. Облаците на Венера се валкани и во жолта боја, составени главно од сулфурна киселина и имаат мирис на расипани јајца. Хемиските реакции во овие облаци создаваат киселина која разградува олово, калај и камен. Венера е покриена со дебели слоеви на овие облаци. Со години луѓето од Земјата само можеа да погодуваат што има под нив.