ЕкономијаЗанимливостиСвет

Зошто трошиме пари на луксузни работи, а штедиме на ситници?

Зошто трошиме пари - Работник
168views

Според едно истражување, луѓето во просек оставаат 20 проценти поголем бакшиш во рестораните, пишува Брајт Сајд. Истовремено, никој од нив не го одбива остатокот од парите при купување на намирници во продавница. Статистичките податоците покажуваат и дека 1 на пет сопственици на Ајфон имаат постојани парични проблеми. Зошто понекогаш без проблем даваме повеќе пари отколку што треба, додека штедиме на ситници?

Не ја забележуваме разликата кога сметката е голема

Откако ќе вечерате во ресторан и келнерот ќе ви ја донесе сметката од 750 денари, а вие му дадете 1,000 денари, веројатно остатокот на парите ќе му го оствите како бакшиш.

Друга е ситуацијата кога ќе купите неколку килограми на компир од пазарџија за 70 денари, а да му дадете 100 денари. Тешко дека некој ќе одбие да го земе кусурот, бидејќи тие пари можат да се искористат да се купи нешто друго.

Не сакаме никој да мисли дека сме сиромашни

Сега повторно психологијата игра важна игра. Во овој случај зборуваме за некаков „учиник од толпата“. Во сакапите ресторани и кафулиња, келнерите често не носат кусур ако не им го побарате и луѓето таму вообичаено се дарежливи со бакшижите. Потсвесно почнуваме да веруваме дека е погрешно да се однесуваме поинаку како и сите други.

Се чувствуваме опуштено во скапоцено опкружување

Што е заедничко на продавница за брендирана облека, ресторан и салон за продажба на автомобили? Опкружувањето! Сопствениците на ваквите претпријатија користат скапоцен дизајн и врвен мебел не за да потрошат повеќе пари, туку да не внесат во луксузната атмосфера. На вакви места лесно е да се „заборави“ пребројувањето на парите.

Сакаме да ги воодушевиме луѓето околу нас

Експериментот за однесувањето во економијата се темелел на две опции кои им биле понудени на луѓето. Првата опција била да заработат 1,000 евра додека другите заработуваат 500 евра; а втората опција е да се заработат 2,000 евра, додека другите заработуваат 4,000 евра. Како што се предвидело, поголемиот дел на луѓето ја избрале втората опција. Овој факт потврдува дека често сме сколни на тоа да ги импресионираме другите луѓе, тоа ни е во природата. Затоа ова може да биде и причина за давање на повеќе пари, отколку што е потребно.

Навистина ни се допаѓа услугата

Доколку навистина ви се допаѓа нешто, веројатно сте подготвени да платите повеќе за тоа. Постојат доста места на светот кои ги оправдуваат своите високи цени. Кога ви се допаѓаат љубезните работници, вкусната храна и брзата услуга, зошто да не се заблагодарите со оставање на малку повеќе пари?